4 намирници кои не ве заситуваат туку создаваат уште поголемо чувство на глад – внимавајте со нивното консумирање

Неколку залчиња од одредена храна можат да ги активираат деловите од нашиот мозок и цревата кои ја поттикнуваат гладта. Поради тоа треба да се запрашате дали е добро да консумирате одредена храна доколку сте веќе гладни.

Чипс, помфрит и леб
Грицките како што се чипсот и помфритот се само преработени јаглехидрати со многу масти. Кога јадете преработени јаглехидрати, нивото на шеќери во вашата крв нагло расте каде се ослободува голема количина инсулин. Доколку сте внеле голема количина грицки, па леб, инсулинот вишокот шеќер ќе го складира во резервите, па поради тоа и натаму ќе чувствувате глад.

Колачи и слатки
Некои нутриционисти тврдат дека организмот првобитно не разликува рафинирани шеќери од мед. Шеќерот ги активира патиштата на наградување и апетитот во вашиот мозок поинаку од другите извори дава енергија.Кога ќе изедете некој десерт, мозокот испраќа информација дека не сте сити.

Јогурт со ниско ниво на масти
Истражувањата покажале дека важно е колку долго ќе поминете време при џвакањето. Колку подолго џвакате, телото подолго ќе се чувствува сито. Поради тоа кога пиете јогурт, вие не џвакате и тоа може да направи да се чувствувате гладни. Притоа јогуртот со ниско ниво на масти исто така има многу јаглехидрати и шеќери, па поради тоа треба да го избегнувате.

Диетални газирани пијалаци и вештачки засладувачи
Иако многумина сметаат дека диеталните газирани пијалаци и слатки со вештачки засладувачи се одличен начин да го намалите внесот на калории, всушност тие не се толку добри. Кога вештачките засладувачи ќе дојдат на јазикот, центрите за наградување во вашиот мозок се вклучуваат и им сигнализираат на вашите црева дека очекуваат доаѓање на калории. Кога калориите нема да се појават мозокот бара да се воспостави рамнотежа така што ќе јадете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.