4 намирници кои ќе ви ја згаснат жедта подеднакво ефикасно како водата

Кога сте жедни, веројатно по инерција пиете вода. Во текот на летото тоа сигурно е голема количина вода. Меѓутоа, жедта не се гаси само од овој напиток, туку и со овие четири магични намирници кои ќе спречат вашето тело да дехидрира.
Дали знаевте дека жедта може да ја згаснете и со одреден вид на храна, а не само со вода?
Ова е листата на намирници кои се совршени за гасење жед.
Лубеница


Лубеницата е кралица на летните деликатеси. Содржи приближно 92 отсто вода и многу антиоксиданси. Лубеницата би требало секогаш да ви биде избор број еден во летните денови, затоа што не само што ќе го рехидрира вашето тело туку и ќе ве сочува од опасни болести.
Краставица
Краставицата соджи речиси 97 отсто вода и е одличен летен рехидратор. Користете ја ладна и свежа. Но, за да го извлечете максимумот од краставицата, ставете ја во блендер, добиениот сок изладете го и консумирајте го во текот на целиот ден.
Киви


Доколку изберете киви тогаш никогаш нема да погрешите. Тоа е овошје кое е едноставно здраво и корисно за целото тело во текот на сите годишни времиња. Не само што е голем рехидатор тукуе и моќен чувар на вашето здравје.
Домат
Доматот содржи речиси 95 отсто вода, но и огромна количина антиоксиданси и други материи кои се од голема корист за вашето тело. Користете го доматот секогаш и секаде. Тој е непогрешлива намирница за сите јадења и вистински летен избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.