среда, 25 ноември 2026
Најново

4 пожарни коли отишле во Амбасадата на САД во Скопје, ама не интервенирале оти било лажна дојава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

етири противпожарни возила со 11 пожарникари биле испратени по повик од Амбасадата на САД во Скопје вчера попладне, но не интервенирале оти станувало збор за лажна дојава, пишува СДК.МК.
Од Противпожарната бригада на Град Скопје велат дека во петокот во 17.20 часот на телефонскиот број 193 добиле дојава за пожар во канцелариски простории на Амбасадата на САД, по што веднаш испратиле четири возила со 11 пожарникари. Откако пристигнале пред Амбасадата не биле пуштени да влезат во дворот, туку им било речено да почекаат.


По извесно време, безбедносните служби на Амбасадата ги известиле дека нема потреба за интервенција бидејќи станувало збор за лажен аларм во една од канцелариите. Малкуте вработени што во тоа време биле во просториите на Амбасадата биле евакуирани надвор од зградата согласно внатрешните процедури за безбедност.
Од Амбасадата на САД велат дека немаат што да додадат на информацијата од Противпожарната бригада.

Поврзани вести