4 работи кои никако не смеете да ги подгревате во микробрановата печка

Зготвената храна која ни останала, а која не сакаме да ја фрлите, најчесто ја складираме во фрижидерот и ја чуваме неколку денови. Но, не сите намирници можете да ги подгревате подоцна.
Загревањето на храната во микробрановата печка не е здраво бидејќи на тој начин се ослободуваат токсични материи, а еве за кои намирници станува збор:
Спанаќ, цвекло, целер и репка – овие зеленчуци во својот состав содржат нитрати кои под дејство на микроорганизми и загревање се претвораат во нитратни соединенија, а понатаму во нитрозамини кои се многу штетни и канцерогени.
Најризичен за подгревање е спанаќот кој никогаш не треба да се загрева и секогаш се јаде свежо подготвен.


Печурки – поради протеините во составот лесно се менуваат и стануваат штетни. Доколку веќе морате се препорачува да ги загреете малку на само 70 степени. Но, сепак откако веќе сте ги зготвиле најдобро е да ги изедете подоцна ладни.
Компир – ова е исто така токсична група на храна што ги губи своите хранливи својства по загревањето, а неодамнешните истражувања покажаа дека компирите се најздрави кога се сварени (или зготвени на пареа), но оладени.
Кога компирот е оладен постои зголемување на процентот на отпорен скроб во него што пак има пробиотски ефект.
Месо – високата температура предизвикува промена во составот на протеините, а нашето тело тешко го препознава месото по загревањето. Ова доведува до проблеми во варењето на загреаното месо и ослободување на токсични својства.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.