Без разлика дали сте во врска која сте ја започнале неодамна или во врска која трае со години, постојат некои важни прашања кои мора да си ги поставите најпрво на себе, а потоа и на вашиот партнер за да видите во кој правец води вашата врска и дали има иднина.
Колку порано ќе го направите ова, толку подобро, а одговорите на следниве прашања би требало да ги знаете пред да го кажете судбоносното „да”.
Дали сака да има деца
Доколку плановите за деца не ви се совпаѓаат, ова веројатно кога-тогаш ќе биде причина за разделба. Многу парови ја занемаруваат оваа тема, па се шокираат кога ќе дознаат дека нивните планови се разликуваат.
Како располага со парите
Парите се водечка причина за разводи во светот. Затоа, битно е двајцата партнери да се запознаени со нивната финансиска ситуација и да немаат лажни очекувања. Исто така, битно е да знаете како ќе ги делите трошоците во бракот, да знаете дали има долгови и дали се однесува одговорно со финансиите.
Во какви допири ужива
Интимноста е главната разлика помеѓу платонската и романтичната врска. Сексот, бакнежите и допирите се важни во секоја врска. Без телесен контакт не можете доволно да се зближите со партнерот.
Како реагира во кризни ситуации
Низ животот сите поминуваме во одредени лични кризи кои во бракот стануваат заеднички. Затоа, важно е да знаете како вашиот партнер се однесува во кризни ситуации, пред да стапите во брак со него.
Доколку избегнува проблеми, бега од нивно решавање и лесно се откажува, тогаш би требало да се загрижите, бидејќи ова укажува дека не може да се соочи со сопствените емоции.
Имајте на ум и дека никој не е совршен и дека различни луѓе, зависно од разни околности, различно реагираат на проблеми. Важно е да останат позитивни и посветени на нивното решавање.