4 ситуации во кои маслото од оригано ќе ви биде од голема помош

Веројатно никогаш не сте помислиле дека треба да носите шише со масло од оригано со вас, но ќе се премислите кога ќе откриете во кои ситуации може да ви биде од голема помош. Маслото од оригано е скромен природен лек, но многу корисен затоа што има антибактериски својства, а во овие 4 посебни случаи е неопходно да имате масло од оригано со себе.
1. Можете да го користите во случај на труење со храна
Маслото од оригано може да се искористи како лек при труење со храна. Ориганото содржи природни антимикробни соединенија што ги убиваат обичните патогени бактерии. Здравствените експерти препорачуваат консумирање масло од оригано уште при првите знаци на труење со храна. Се препорачува доза од околу 500 милиграми, четирипати на ден. Маслото од оригано не само што ќе ги убие штетните бактерии во цревата, туку ќе ги намали и штетните последици од труењето.
2. Можете да го користите за да избегнете настинка по патувањето со авион
Ако често патувате, знаете дека летањето со авион ве прави повеќе склони кон настинки. Овој феномен стана толку чест што на повеќето луѓе им требаат неколку дена за да заздрават по долгиот лет. Маслото од оригано содржи активно соединение наречено карвакрол кое ги отстранува микроорганизмите што може да предизвикаат настинка или грип. Покрај тоа, ова масло го зајакнува целиот имунолошки систем и му помага ефикасно да се бори против патогените микроорганизми од воздухот.


3. Можете да го користите кога ќе ве касне инсект
Маслото од оригано може да дејствува како антихистаминик. Се нанесува на површината на кожата и ги намалува црвенилото и отокот предизвикани од каснувања од инсекти. Освен тоа, неколку лажички масло од оригано ќе ви помогнат во намалувањето на симптомите на треска предизвикана од полен и алергии. Маслото од оригано ја „убива“ болката и може да биде корисно за одредени иритации на кожата.
4. Можете да го користите за здравјето на цревната флора
Многу истражувања ја утврдуваат врската помеѓу функцијата на дебелото црево и менталните способности на човекот, па затоа е важно вашиот дигестивен систем да е здрав и без паразити. Маслото од оригано може да убие одредени цревни паразити, а може да го користат и жени кои имаат силни менструални болки или непријатни циклуси.


Како да направите масло од оригано?
Маслото од оригано може лесно да се направи дома. За овој едноставен рецепт ви се потребни:
неколку свежи лисја оригано (дробени или сечкани)
масло (маслиново, бадемово или масло од семе од грозје)
две стерилизирани тегли
Начин на подготовка:
Ставете вода во длабок сад и веднаш штом ќе зоврие, тргнете ја од шпоретот. Ставете ги претходно подготвените лисја од оригано во стерилизирана тегла и наполнете ја теглата со масло речиси до врвот. Потоа, ставете ја во садот со зовриена вода и оставете да отстои неколку минути (не повеќе од 10 минути).
Топлината што ја опкружува теглата го поттикнува ориганото да ги ослободи своите природни масла. Извадете ја теглата од топлата вода и ставете ја на добро осветлено место да отстои две недели. Мешајте ја смесата во теглата на неколку дена. По две недели, исцедете го маслото и турете го во другата стерилизирана тегла, а потоа чувајте го чистото масло од оригано на ладно и темно место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.