Британска секс-терапевтка открива како да ја одржите жарта во креветот
Кога сте во долга врска, многу е важно да имате време за себе. Тоа го потврдува и оваа секс-терапевтка која предлага многу самозадоволување за да го одржите сексуалниот живот со партнерот. Еве што изјавила Вена Рамфал во едно интервју.
Многу самозадоволување
„Ако знаете како сами да се задоволите, тогаш и вашиот партнер ќе може да ве задоволи“, вели Рамфал.
Освен тоа, мастурбацијата ја зголемува сексуалната желба.
Разговарајте со партнерот
Исто така, важно е обајцата да бидете фини еден кон друг и многу да разговарате.
„Само така ќе знаете што сака вашиот партнер во сексот, а тоа е многу важно“, открива Рамфал.
Планирајте го сексот, а не целта
На некои парови им помага тоа кога го планираат сексот.
„Може да ви помогне ако сфатите дека сексот повеќе не се случува спонтано и да разберете дека сексот нема цел“.
Ако секогаш сè се врти околу постигнувањето оргазам, тоа може значително да го влоши сексот.
Мислете на почетоците
Уште еден мал совет што може да им помогне на паровите во долга врска повторно да му се радуваат на сексот.
„Сетете се зошто сте се вљубиле еден во друг. Тоа нешто секогаш е присутно.“