4 чудни особини на кои паѓаат жените

Додека машките паѓаат на девојки со совршени облини, долги коси, витка линија и мека кожа, критериумите на жените се сепак малку поразлични.
Индекс на телесна маса
Истражувањата покажале како складната машка градба е важна за жените. Оние кои имаат индекс на телесна маса 20.85 се најатрактивни. Наушниците обаснуваат дека тоа е поврзано со подсвесната желба за здрави и плодни машки. Но, не би требало да се занемари ни секси стомачето, бидејќи, без обзир на идексот на телесната маса, повеќето жени пред се би одбрале развиено машко, отколку некој слабичок.
Нозе
Додека машките фантазираат за жени со долги и витки нозе, припадниците на понежниот пол го прават спротивното. Така што истражено е, дека на жените им се попривлечни машки со пократки нозе, отколку оние со пропорционални. Можеби станува збор за трендот во врска со фудбалерите, кој го зафати селиот свет или пак едноставно тоа што девојките сакаат мускули, а тие секако повеќе би се истакнале на кратки и силни машки нозе.
Лузни
Лузните одсекогаш за жените биле многу привлечни и сексипилни. Тие ја симболизираатопасноста и храброста, а со самото тоа и машката сила, која е во состојба да ги совлада сите пречки. Машко со лузна на лицето, градите или грбот, многу лесно може да помине како „лошо момче“, а тоа е една од најпопуларните женски фантазии.
Добри момци
Иако поимот „лошо момче“ подсетува на холивудските заводници, во вистинскиот живот жените паѓаат а фини дечки. Сочувството, хуманоста, пристојноста, несебичноста и пожртвуваност се особина на совршен маж, на кој ќе паднат повеќето од жените.
 
 Додека машките паѓаат на девојки со совршени облини, долги коси, витка линија и мека

Пронајдете не на следниве мрежи: