Од една страна ги имаме најновите и најмоќните телефони на светот, кои чинат мало богатство. Од друга страна, ви подготвивме листа на телефони кои нема да го испразнат вашиот џеб, а сепак ќе ви понудат одлични перформанси…1. LG Nexus 5
Уред кој секако дека ќе се најде на нашата листа, па затоа да ја завршиме работата што порано. Произведен во 2013-та година, Nexus 5 е дефиницијата за телефон кој е совршен баланс помеѓу цената и перформансите – можете да го најдете нов во мобилари за цена од околу 300 евра.
Добивате 5 инчен FullHD екран, одлична 8 мегапикселна камера со оптичка стабилизација на сликата, quad-core Snapdragon 805 и директна поддршка од Google за софтвер.
2. LG G2
Овој уред можеме да го гледаме како поголемиот брат на Nexus 5. И двата телефони се произведени од LG, со таа разлика што G2 беше поскап за околу 150 евра при иницијалната продажба. Денес овие уреди имаат идентична цена (~300 евра), а добивате поголем 5,2 инчен екран со FullHD резолуција, подобра камера (13 мегапиксели) и одличен изглед со тенки граници.
3. OnePlus One
Еден од најтешките телефони за наоѓање на пазарот, но затоа и еден од најефтините во поглед на перформансите кои ги добивате – Snapdragon 801 quad-core процесор кој работи на 2,5GHz, 3GB RAM, 13 мегапикселна камера и огромна батерија од 3,100 милиампер часови.
Цената (теоретски) би му била околу 250 евра.
4. Galaxy S4
Додека Samsung е презафатен со Galaxy S5, цената на постариот модел драстично опадна. Можете да го „начекате“ за околу 300 евра доколку сте среќни, а добивате одличен телефон со 5 инчен FullHD екран, octa-core процесор, 2GB RAM и 13 мегапикселна камера.
Извор: gsm.mk.1. LG Nexus 5
Уред кој секако дека ќе се најде на нашата листа, па затоа да ја завршиме работата што порано. Произведен во