4 намирници кои треба да ги купувате на големо, а три кои не треба

Како што некои супер организирани луѓе го започнуваат нивниот шопинг за одмор се уште во маички, паметните купувачи веќе прават залихи за состојчи од кои ќе прават колачиња за Божиќ.  Купете на залиха: путер и јаткасто овошје
Како што некои супер организирани луѓе го започнуваат нивниот шопинг за одмор се уште во маички, паметните купувачи веќе прават залихи за состојки од кои ќе прават колачиња за Божиќ. Путерот може да биде скап, но Колин Морган, блогерка на сајт за купони и заштеди, вели дека доколку купувате големи количини добивате голем попуст.
Истото важи и за јаткастото овошје, од кои повеќето можат да траат во ладилник од една до две години. И оревите и путерот се лесно расипливи но можете да ги купите сега, а да ги користите подоцна. Зачинот, сепак не можете да го купите на залиха, најверојатно ќе го изгуби својот вкус пред да го потрошите.
Помалку е подобро: Козметички препарати и производи за лична нега
Морган, која еднаш месечно ги проверува цените во маркетите, вели дека дезодорансите и други предмети за лична грижа всушност можат да бидат поскапи доколку ги купите на големо. Многу е подобро да купите во аптека или маркет, бидејќи често се среќават попусти за производите за здравје и убавина.
Купете на залиха: Картички за подарок
Сеедно дали ги купувате за себе или за подарок, картичките за подарок се подобра зделка кога се купуваат на големо. Достапни се за се и сешто од филмови, музика до ресторани и слично.

 
Помалку е подобро: преливи за салата
Златното правило за купување на големо е пресметување на трошоците по единица. Кога станува збор за преливите за салати, мајонез и слично, паметно е да се направи пресметка, но има уште нешто да се има в предвид. Овие преливи се лесно расипливи а не можат да се замрзнат како путерот и јаткастото овошје.
Купете на залиха: Батерии
Литиумските батерии, кои се вообичаени во електронскта потрошувачка, имаат голем рок на траење, така што тие се совршени за купување на големо. Се чуваат на собна температура, и можат да траат од 10 до 15 години. Алкалните батерии- оние во облик на цилиндер- имаат пократк, но сепак добар рок, од пет до десет години.
Помалку е подобро: Масло од кикирики
Знаеме дека маслата за готвење не траат многу, но сепак ќе се изненадите колку брзо тие се расипуваат. На пример, маслото од кикирики, кое е одлично за постигнување на најкрцкавата кора на пилешкото месо, ќе трае најмногу два месеци во вашата остава, затоа доколку не го употребувате често подобро е да не купувате на залиха.
 Купете на залиха: путер и јаткасто овошје
Како што некои супер организирани луѓе го започнуваат нивниот шопинг за одмор се

Пронајдете не на следниве мрежи: