Тој е секојдневна навика на многу дами и е омилен дел од долната облека. Градникот може да биде од различни материјали, облици, бои и дефинитвно стана еден од заштитните знаци за женственост и сексапил. Поголемиот дел од гардеробата која ја носиме стои подобро со прикладен градник кој му дава совршен облик и цврстина на градите.Меѓутоа, носењето градник има и свои негативни страни за кои малкумина знаат.
Го менува обликот на градите
Иако мислењето на повеќемина е дека градникот дава совршен облик на градите, всушност се случува спротивното. Анатомијата на женските гради е таква што тие се прекриени со тенка еластична кожа под која се наоѓа градниот лигамент, кој на градите му дава природна цврстина и облик. Со секојдневното носење на градник, овие лигаменти престануваат да бидат активни, па доаѓа до опуштање на градите како и до смалување на еластичноста на кожата.
Може да предизвика појавување на циста
Иако ова тврдење не се зема како апсолутен факт, но поединечни истражувања покажале дека постои поврзаност меѓу фирбоцистичните промени на градите и носењето градник. Имено, кај 90 % од жените испитаници кај кои е дијагностицирана оваа бенигна промена, забележано е подобрување откако престанале да носат градници.
Предизвикува болка во рамената и половината
Доколку во текот на целиот ден носите градник, тој може да предизвика непријатна болка во мускулите во пределот на рамената и половината. Поточно, кај 79 % од испитаничките кои ги имаат овие потешкотии, воочено било дека симптомите се повлекле откако престанале да носат градник.
Оневозможува природна положба на градите
За крај, дали сте знаеле дека кога градите се слободни, односно кога не носите градник, вашите гради имаат посебни поволности – имаат природна масажа која значајно го подобрува нивниот облик? Се подразбира, ова е во врска со првата причина која ја споменавме на почетокот – ја поттикнува работата на лигаментите и еластичноста на кожата. Доколку до сега не сте размислувале на таа тема, можеби овој текст ќе ви отвори некои нови перспективи. Иако знаеме дека нема целосно да престанете да носите градник, обидете се да ја намалите неговата употреба откако ќе се информирате за неговите негативни страни.
Меѓутоа, носењето градник има и свои негативни страни за кои малкумина знаат.
Го менува обликот на градите
Иако мислењето на