Грешките кои ќе ви бидат товар за вашиот буџет и камен на кој ќе се сопнуваат емотивните односи.Парите се насекаде околу вас и без нив не се може. Некои имаат повеќе, некои имаат помалку, а пак некои подобро располагаат со пари од други. За да спаѓате во луѓе кои добро располагаат со пари, за почеток треба да знаете некои основни работи. Иако можеби веќе и ги знаете, поврзано со финансиите постојат многу аспекти кои може ќе ги занемарите, а тие грешки може ќе ви бидат од голем товар за вашиот буџет, но и во односите со вашите драги и помалку драги луѓе.
Ова се четирите работи на кои морате да обрнете внимание кога во прашање се парите:
1 . Морате да разговарате за финансиите со вашиот партнерПарите се многу чувствително прашање, особено ако вие и вашиот партнер имате различни приходи, но и начинот на кој ги трошите или штедите парите. Без оглед на вашата лична состојба, многу е важно отворено да разговарате на оваа тема. Ако тој не сака да разговара за тоа, вие инсистирајте, но направете го тоа љубезно и со почит кон него. Откако ќе разговарате на ова прашање и ќе го договорите заедничкиот буџет и планот на трошење, тогаш можете да размислувате за вложувања и штедење за во иднина. Тоа значително ќе ви ги намали расправиите за пари, што е еден од најчестите причини за прекинување на врската или развод.
2. Кредитните картички се многу лоши ако ги злоупотребитеАко моментално сте во долгови на кредитната картичка, направете стратегија како да излезете од тој долг (сигурно не сакате банката да ви наплатува големи камати). За жал нема друга опција освен да се воздржувате и да ги намалите вашите трошоци со што ќе успеете да заштедите – на шопинг, излегувања, разговори на телефон… Додека го правите овој план знајте дека овие жртви се само привремени. Вие мора да се контролирате додека не го вратите долгот. Но и потоа немојте да се опуштите премногу, сигурно не сакате повторно да се ставите во иста ситуација.
3. Штедењето е многу важно за вашата иднинаВо денешно време популарно е да живеете за сегашноста – да трошите сега, а за иднината ќе размислувате подоцна. Но тоа е премногу неразумен, па дури и опасен начин на живот ( особено ако имате или планирате деца). Во зависност од тоа колкави ви се приходите почнете еден дел од парите да го штедите. Ако е можно почнете секој месец да одвојувате по 10% од платата – за непредвидени трошоци или за старост.
4. Имајте јасна разлика помеѓу желбите и потребитеПотреба е нешто што морате да го имате за да преживеете – тоа ги вклучува трошоците за живеење, сметки, основни прехрамбени производи и гардероба, превоз. Се останато се желби. Каде вие ќе си исцртате линија тоа зависи од вас, но обидете се објективно да ја согледате вашата ситуација и дури тогаш да донесете одлука. Кога ќе трошите пари секогаш размислете дали тоа што го купувате е желба или потреба – така полесно ќе го спречите непотребното арчење.
Ако имате долгови или сакате да заштедите пари, единствен начин на кој можете да успеете е да ги намалите трошоците или да ги зголемите приходите. Ако трошоците сте ги намалиле до максимум, а неможете да ги зголемите приходите размислете за продавање на работи кои ви се непотребни – екстра облека или чевли, телевизор од спалната соба… Дали навистина ви се потребни два автомобила? Пред да донесете било каква конечна одлука, консултирајте се со партнерот и заедно одлучете што и како ќе преземете.
Извор: lady.mkГрешките кои ќе ви бидат товар за вашиот буџет и камен на кој ќе се сопнуваат емотивните односи.Парите се насека