4 здрави меѓуоброци кои ја спречуваат гладта

Квалитетниот меѓуоброк, освен што ќе ве засити, може да му ја донесе на организмот и потребната енергија за функционирање.Во продолжение, ви претставуваме четири намирници по кои треба да посегнете кога следен пат ќе добиете нагло чувство на глад. 
Интегрални житарици
Интегралните или цели житарици содржат голем процент на влакна поради кои се чувствуваме сити подолго време. Освен што се богати со протеини, житариците содржат различни минерали како магнезиум, железо, селен и витамини А, Б и Е. Интегралните кекси или слатки се едноставен меѓуоброк кој одлично одговара со шолја чај или кафе.
Бобинкасто овошје
Боровницата, брусницата, малината, рибизлата и останатото бобинкасто овошје изобилува со влакна и материи кои се важни за правилна работа на дигестивниот систем. Боровницата е позната по тоа што позитивно делува врз способноста за учење и помнење, брусницата е природна замена за антибиотик, а малините се идеални за губење на вишокот килограми.

Пуканки
Најголемиот дел од пуканките го сочинуваат комплексни јаглехидрати кои се квалитетен извор на енергија. Тие се добар извор на влакна и антиоксиданси, но единствена маана им е тоа што се припремаат со масло. Затоа уживајте во нив, но умерено.
Брокула
Доколку сакате нешто освежително, одличен меѓуоброк е смутито од банана, брокула и грчки јогурт. Оваа зелена намирница е полна со витамините Ц, А и К. Освен што е неопходна за зачувување на здравјето, детоксификација и подмладување на организмот, брокулата е на врвот на намирниците поради големата доза на сулфорафан за кој се смета дека го спречува ракот.Во продолжение, ви претставуваме четири намирници по кои треба да посегнете кога следен пат ќе добиете нагло чувство на глад. 

Пронајдете не на следниве мрежи: