4 знаци дека хормоните не ви функционираат како што треба

Дали во последните неколку недели се чувствувате заморно, надуено или постојано сте нерасположени? Хормоните во текот на менструалниот период ви се вознемируваат и влијаат на важето расположение, кожата и умот. По периодот нивното ниво се стабилизира, но но многу фактори како што се стресот и анксиозноста можат да влијаат на нив. Доколку имате некои од овие четири симптоми, одете на доктор.1.Замор
Исцрпеноста секогаш е причина да одите на доктор, бидејќи постојат бројни опасни причини. Доколку сте уморни по тешка недела на работа, тоа е сосема нормално, но доколку константно се чувствувате уморно и почнавте да се дебелеете и имате промена во апетитот, можно е да имате проблем со недоволна активност на тироидната жлезда. Одете на доктор секогаш кога ќе почувствувате замор без причина.
2.Промени на кожата
Мозолчињата можеби ви се појавиле поради тоа што заборавате да се измиете пред спиење или поради други ситници. Мозолчињата кај возрасните во долниот дел од лицето сигнализираат на високо ниво на тестостерони. Иако тоа не е сериозен проблем, може лошо да влијае на вашата психа. Докторот може да ви препише лек за стабилизирање на нивото на овој хормони кожата ќе ви се прочсти.

3.Необична менструација
Исто како и заморот, и необичната менструација може да биде резултат на многу фактори, како што е стресот, проблеми со тероидната жлезда, ниско ниво на естроген или синдром на полицистични јајници. Полицистичните јајници сигнализираат нередовна менструација и доцнење, како и потешкотии во слабеењето и чуден раст на влакната. Одете на доктор за секој случај.
4.Потење во текот на ноќта
Освен доколку не ви е многу топло во собата, будење во пот може да биде сигнал дека имате ниско ниво на естроген или ретка овулација- перименопауза. Перименопаузата може да почне и 10 години пред менопаузата. Посетете доктор и проверете за што се работи.1.Замор
Исцрпеноста секогаш е причина да одите на доктор, бидејќи постојат бројни опасни причини. Доколку сте уморни по те

Пронајдете не на следниве мрежи: