Многу жени патат од проширени вени, поради што тешко се одлучуваат да ги разголат нозете кога ќе затопли.
Па, како да ја спречите оваа несакна појава?
Одлична превензција е:
Повремената посета на сауна, седењето на сонце или во топла купка. Топлината ќе ви помогне.
Носењето на облека која не го спречува природното движење, односно избегнување на тесни модели и нееластични материјали.
Носење на чевли без висока потпетица.
Нормализирање на телесната тежина, односно со тоа го намалувате притисокот на нозете.
Практикување на било каков спорт – трчање, пливање, возење велосипед…
Вежби кои за помалку од 1 месец ќе ви помогнат да ја намалите видливоста на вените:
1. Седнете на столче, исправете го грбот, спојте ги нозете и клацкајте се на стапалата (прсти-пета) 20 пати.
2. Во стоечка положба придржувајте се со рацете за некоја цврста подлога, а потоа правете го истото клацкање од прсти на пета, 20 пати.
3. Застанете исправено и потпрете се на ѕид. Рацете испужете ги пред вас, во ниво на рамениците. Повторно префрлајте ја тежината од прсти на пета и обратно, 20-тина пати.
4. Застанете право, вдишете и исправете се на прсти, додека рацете ги подигате во вис. Издишете и во исто време вратете се на петите, спуштајќи ги рацете.