4 вида луѓе кај кои постои ризик од прејадување

Кој сака да биде личноста што јаде салата додека сите други уживаат во хамбургери? Сите луѓе имаат свои пороци. Но, овој свет е исполнет со фотографии и блогови за храна, па љубовта кон храната е таа што нè поврзува. Според едно швајцарско истражување, одредени црти на личноста влијаат на тоа дали ќе посегнете по вкусна храна, како пица и чоколадо. Но, тоа може да биде опасно затоа што психолозите откриле дека постојат 4 вида луѓе кај кои постои ризик од прејадување.
4 вида луѓе кај кои постои ризик од прејадување
1. Чувствителни луѓе
Постои причина зошто во романтичните комедии се користи клишето „сладолед“ кога женскиот протагонист се труди да го преболи раскинувањето.
Истражувањето открива дека емоционалното јадење е дефинитивно нешто во кое чувствителните луѓе многу често се впуштаат.


2. Екстроверти
Можеби претпоставувате дека интровертите се оние што јадат повеќе затоа што тие повеќе се склони да јадат кога се сами, но ова истражување открива нешто друго.
Всушност, кај екстровертите постои поголем ризик од прејадување затоа што тие почесто јадат надвор, а порциите во рестораните се поголеми.
3. Невротични луѓе
Истражувањето открило дека и луѓето кои се невротични се жртви на емоционалното јадење, поради нивната нестабилност. Исто така, невротичните луѓе почесто посегнуваат по слатка и зачинета храна.
4. Луѓе што им угодуваат на сите
Ако сте личност што мрази конфликти, тогаш веројатноста дека ќе ја натрупате вашата чинија со храна е многу голема.
Истражувањата покажуваат дека оние луѓе што се трудат да ги задоволат сите се склони да јадат повеќе во друштво само за другите да се чувствуваат пријатно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.