Токсичните луѓе се оние индивидуалци кои влијаат негативно на останатите со тоа што ги манипулираат за сопствена корист. Како да ги препознаете овие луѓе?
4 видови токсични луѓе и како да живеете со нив
Споделувањето на сопствените проблеми ни помага да донесеме правилни одлуки и да се чувствуваме подобро. Сепак, понекогаш треба да бидеме внимателни кому се доверуваме. Таканаречените токсични луѓе не се способни за поистоветување или емпатија. Тие носат маска за да се вклопат и за да дојдат полесно до жртвата, но вистината е дека тие не се грижат за никој друг освен за себеси. Постојат четири видови токсични луѓе од кои треба да се чувате.
1. Нарциси
Ова се токсични луѓе кои не им даваат значење на останатите. Тие постојано зборуваат за себе и никогаш нема да ве прашаат за вашите проблеми. Ќе се сетат на вас само кога ќе им бидете потребни или ако имаат некој проблем.
2. Емоционални вампири
Овие вампири ја црпат целата ваша енергија и влијаат на вашето расположение. Тие секогаш зборуваат негативно за останатите и ве поттикнуваат да го правите истото. На почетокот, тие ќе се обидат да ве привлечат до себе за да ги почитувате, но потоа ќе го покажат своето вистинско лице.
3. Чудовишта со зелени очи
Таканаречените „чудовишта со зелени очи“ се оние кои постојано ви даваат комплименти, но всушност, се чувствуваат среќни кога вие сте тажни или кога минувате низ тешки периоди од животот. Во своите комплименти, тие секогаш вклучуваат и коментари што имаат скриено значење.
4. Црнооки мачки
Овие „мачки“ секогаш сакаат да имаат контрола врз она што се случува. Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието и не им се допаѓа кога некој не се согласува со нив.
Како да се однесувате со токсичните луѓе?
Верувале или не, полесно е да живеете сами отколку со токсични луѓе. Тие се како паразити и може да влијаат на секој аспект од вашиот живот. Сепак, доколку одлучите да ги задржите овие луѓе во животот, обидете се да не им дозволувате премногу и да не дозволите да го уништат вашиот оптимизам.
Не им простувајте, без разлика колку ве молат, и внимавајте на потенцијалните замки кои тие би ги направиле за да ве освојат. Секогаш кога тие ќе се обидат да направат да се чувствувате лошо, насмевнете им се и покажете им дека нивниот обид е неуспешен.
Потоа, токсичните луѓе веројатно ќе се обидат да ви ја префрлат вината или да ве омаловажат, па затоа, бидете силни и не попуштајте бидејќи најверојатно сте во право. Конечно, доколку ви пречи нивниот однос, кажете им го тоа директно.