Според Фондацијата за брак, 45% од првите бракови завршуваат со развод, додека само 31% од вторите бракови се неуспешни. Дали луѓето кои втор пат се одлучуваат на ваков чекор имаат поголеми шанси да ја пронајдат нивната среќа? Најверојатно одговорот е да, а погледнете и зошто.
1. Вежбањето ве прави професионалци
Вториот брак ужива во придобивките од искуството. Се разбира, и овде постои период на прилагодување, како и кај која било друга промена. Но во вториот брак луѓето веќе знаат што да очекуваат, особено кога станува збор за делење и водење на домот.
Во вториот брак луѓето знаат што функционира, а што не, и знаат како правилно да ги одбираат нивните битки. Тие имаат барем основно разбирање за ефективната комуникација и решавање на проблемите. Со сите овие фактори, вториот брак е вистински рецепт за успех.
2. И двајцата сопружници се знаат подобро
И двајцата партнери поминале многу време созревајќи и размислувајќи за себе. Не би започнале втор брак без да ја искусите болката од првиот. Многу луѓе ѝ дозволуваат на оваа болка да му го отвори патот кон личното откривање, лекување и промена. Вторите бракови често се и посреќни бидејќи луѓето научиле да не ги повторуваат нивните грешки.
3. Овој пат и двајцата партнери сакаат да функционира
Во вториот брак и двајцата партнери навистина се мотивирани да работат на врската за бракот да биде успешен. Ова не значи дека мотивацијата не постои во првиот брак, но луѓето кои еднаш поминале низ ова се мотивирани на друго ниво.
Кога веќе го искусиле крајот на еден брак, тие се попосветени и сите проблеми ќе ги сфаќаат посериозно. Овие луѓе многу добро знаат што ги чека ако бракот е неуспешен.
4. И двајцата партнери покажуваат благородност
Покрај мотивацијата, во вториот брак и двајцата партнери чувствуваат благодарност, најмногу за втората шанса, но чувствуваат благодарност и за животот и за љубовта бидејќи знаат колку се вредни. Благодарноста навистина нè подигнува. Таа го зема она што го имаме и го претвора во многу повеќе. Го претвора одбивањето во прифаќање, а хаосот во ред. Благодарноста ви помага да најдете смисла во вашето минато, ви носи мир и ви создава подобра визија за утрешниот ден.