Тара Лин Емерсон ќе ве инспирира со волјата за активен живот и желбата да биде најдобра верзија од себе.
На 35-годишната фитнес инструкторка ѝ била поставена дијагноза CMT, невролошко нарушување кое ги зафаќа нервите и мускулите на долниот дел од нозете и стапалата, поради што има многу слаба мускулна дефинираност на потколеницата.
Докторите процениле дека огромни се шансите да биде во инвалидска количка до 30-тата година, но таа со помош на секојдневни вежби сè уште ги побива нивните прогнози. Иако се соочува со прогресивна загуба на мускулно ткиво, Тара не дозволува тоа да го намали темпото со кое се движи низ животот и нивото на физичка активност.