40 години затвор за убиецот на малата Ивана

Дарко Костиќ (39) обвинет е за свирепото  убиство на Ивана Подрашчиќ (14), но и за силување на снаата Кристина Ковачевиќ.Обвинителството во  Белград  подигнало обвинение против  Костиќ за две кривични дека, тешко убиство и силување, за кои му се заканува казна од 40 години затвор.Тој на 31 јули, во куќата на Петлово брдо, најпрвин ја злоупотребил Ивана, а потоа, по расправија земал мотика и ја удирал по тилот.
„Тој  признава дека ја ударал девојката по тилот бидејќи викала и не можел да ја смири. По ударот видел локва крв околу нејзината глава, но не обрнувал внимание на тоа, туку отишол во продавница. Кога се вратил, сфатил дека е мртва, па ја замотал со ќебе и ја одвлекол во потокот, каде врз нејзе нафрлал сунѓери и отпад. Потоа отишол кај брат му и раскажал дека некој се обидел да го нападне“, стои во обвинението.
Тоа не е единственото злосторство на овој монструм.  Костиќ е обвинет за уште едно силување. Тој на 27 септември во истата куќа ја силувал Кристина Ковачевиќ, жена на негов братучед.

„Сања ја сретнал на пазар и со нож ѝ се заканил да влезе во автобус. Потоа ѝ ја зел јакната, мобилниот телефон  и торбата со папучи кои жената ги продавала на пазар. Цело време  и се заканувал со нож, како и дека ќе  ѝ ги убие децата. Кога стигнале до куќата ја натерал да се соблече, а потоа со јаже и ги врзал рацете. На устата и ставил леплива лента. Немоќната жена  ја силувал неколку пати и излегол од куќата“, наведува обвинението.

Кристина, за среќа, го дофатила ножот кој Дарко го оставил во собата, се ослободила и побегнала преку прозор. Го пријавила кога беше фатен поради убиството на Ивана Подрашчиќ.Обвинителството во  Белград  подигнало обвинение против  Костиќ за две кривични дека, тешко убиство и силување, за кои му се заканув

Пронајдете не на следниве мрежи: