40 деца и возрасни хоспитализирани поради труење со храна во летен камп

Околу 40 деца и возразни се хоспитализирани поради труење со храна во летен камп на Крим, соопштија локалните власти.
Според здравствени официјални претставници, повеќе од 40 лица се пренесени во болница, главно со слаби симптоми, а има деца и возрасни.


Директорот на летниот камп Ренат Кајумов изјави дека децата пристигнале од Казањ, главниот град на округот Татарстан.
Во кампот моментно се наоѓаат околу 700 деца и тој ќе продолжи со работа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.