Селекторот Јаневски обелодени дека за мечот со Србија ќе направи две до три измени во поглед на составот, сепак не откри кои би биле тие 2-3 измени во составот.
Богатинов е сосема не-сигурен на голманската позиција, селекторот напомена дека по утрешниот последен тренинг пред натпреварот со Србија ќе се одлучи дали Богатинов би можел повторно да биде стартер по кардиналната грешка на мечот со Србија. Пачовски и Наумовски се на резервната клупа. Доколку погледнете реално, Кристијан Наумовски би можел да биде втората опција на Богатинов, судејќи според моменталната форма, младиот Наумовски веќе целосно се вклопи во Романски Динамо од Букурешт, одличен е на голот, и со 7 настапи веќе станува главен голман во големиот тим од Романија, вториот голман Балградеан има само 3 настапи, Кристијан на неколку пати беше во Романските весници и портали по одличните одбрани во својот тим. Пачовски е исто така квалитетен голман, но доколку се погледне формата јасно се гледа дека Наумовски е во далеку подобра форма, Пачовски има само 4 настапи за својот тим Мехелен, другиот голман на Мехелен, Ренард има забележано 6 настапи за овој Белгиски клуб. Значи, доколку дојде до промени на оваа позиција, го гледаме младиот Наумовски како прва варијанта.
Одбраната е исто под знак прашање на левата бековска позиција, дефинитивно Горан Попов е вон-форма во националниот тим, тоа и го покажа на натпреварот против Хрватска. Доколку Чеде биде целосно ригорозен, Лазевски би бил солидна варијанта по таа лева бековска страна, за Партизан веќе има забележано 5 натпревари, така да би можел да влезе во шемите на Чеде доколку селекторот размислува за освежување на таа лева бековска позиција. Со Шиков најверојатно нема да се ризикува, односно, по таа повреда на дуелот со Хрватска, Грнчаров беше првата негова замена, очекуваме Грнчаров да го започне дуелот на мечот со Србија. Новески сигурен, истото го очекуваме и од одличниот Даниел Георгиевски кој одлично се снаоѓа во нашиот национален тим по десната бековска страна давајќи голем придонес во играта на нашиот национален тим.
Веќе на големо се зборува дека Хасани ќе го започне натпреварот, селекторот Јаневски ќе бара брзина по страничните позиции, а по одличната партија на Хасани на натпреварот со Шкотска токму по левата крилна позиција каде им создаде големи проблеми на тој дел од теренот на Шкотските фудбалери, Јаневски по се се чини дека Тричковски кој не е во форма, ќе го замени со Хасани. За потсетување, Хасани токму Тричковски го замени на натпреварот со Шкотска.
Селекторот сака брзина и во делот на организирањето на играта, што би значело дека најверојатно Чеде ќе му даде шанса и на Тасевски уште на самиот старт. Демири задоволи, дефинитивно одлично си ги одработува задачите на Чеде, Глигоров може да биде како поддршка во тој мошне чувствителен среден ред, каде е потребно и да се мисли на дефанзивата. Се уште е отворено прашањето околу тоа дали Шумуликовски или Глигоров ќе бидат стартери во почетниот состав во средниот ред, во делот каде се повлечени. Шумуликовски одигра солиден натпревар против Хрватска, останува да видиме како ќе реагира Чеде во овој дел. Претпоставка е дека Тасевски ќе го замени Пандев, и ќе игра како полушпиц а Чеде ќе ја продолжи тактиката со еден класичен напаѓач.
Нападот е исто така позиција каде нашиот селектор менуваше, односно им даваше шанса на Ивановски Мирко, односно Ристиќ Стевица. Но, очекуваме нашиот селектор да ја продолжи праксата во менување и освежување на тимот, очекуваме на натпреварот со Србија во нападот да стартува Мирко Ивановски.
Да сумираме, ова се нашите очекувања во поглед на составот за натпреварот со Србија…
Голман- Кристијан Наумовски
Одбрана- Лазевски, Грнчаров, Новески, Георгиевски
Среден ред- Ибраими, Демири, Шумуликовски, Ибраими, Тасевски (полушпиц)
Напад- Ивановски
Пронајдете не на следниве мрежи: