Изборните штабови на американските претседателски кандидати побараа од комисијата за претседателските дебати да се справи и да дознаат колкава активна функција ќе преземе врз себе водителката на CNN, Кенди Кроули за време на претстојното соочување меѓу Барак Обама и Мит Ромни, пишува весникот Hill.
Во вторник градот Хемпстед во сојузната американска држава Њујорк ќе биде домаќин на вториот круг од телевизиските соочување меѓу актуелниот претседател и кандидат на Деморкатската партиај, Барик Обама и неговито предизвикувач, републиканскиот поранешен гувернер на сојузната држава Масачусетс, Мит Ромни, За разлика од првата и третата дебата, втората ќе се одвива во форматот на одговори на прашања од публиката. Сепак, модераторот на дебатата Кенди Кроули, пред неколку дена изјави дека откако ќе бидат добиени сите одговрои на прашањата, таа на претседателските кандидати ќе им зададе конкретни прашања „в лице“. Оваа намера на Кроули предизвика бес кај изборните штабови на двајцата кандидати, имено во потпишаната согласност на двата изборни тима за дебатите се наведува дека улогата на водителот ќе се сведе на тоа само да не им дозволува на учесниците во дебатата да ги избегнуваат или да излегуваат од рамките на прашањата од аудиториумот.
Во одговорот на барањата на изборните штабови, комисијата за дебати ветила дека ќе разговара со Кроули и уште еднаш ќе ја прецизира нејзината одговорност.
„Нема да изнесувам детали од разговорите“, изјави во понеделникот за новинарите од претседателскиот пул официјалниот портпарол на кампањата на Обама, Џенифер Псаки.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: