четврток, 12 ноември 2026
Најново

Измамник во Австрија изнајми туѓ стан повеќепати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Она на што во Македонија сме отрпнале како вест, имајќи ги предвид бројните афери со ткн „градежна мафија“ и продажбата на еден стан на повеќе купувачи, во понеделникот во Австрија беше една од најчитаните вести.

Еден измамник, поточно, во главниот град Виена преку интернет повеќепати изнајмил стан кој припаѓа на фирма за недвижнини со којашто тој на ниеден начин не бил поврзан.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според полицискиот извештај, мажот кој сега се наоѓа во бегство измамил најмалку четири лица за вредност од 10 илјади евра. Откако преку интернет понудил туѓ стан под наем, ги носел заинтересираните потенцијални кираџии во станот, им го покажувал и со нив склопувал договор за изнајмување. Истовремено им наплатувал и капар за киријата.

Измамникот на своите жртви им тврдел дека поради санации станот се уште не е вселив и така го одолговлекувал примопредавањето сé додека  сосема не се изгубил.

На вистинскиот сопственик на станот не му е јасно како измамникот воопшто дошол до клучевите од станот, за што виенската полиција отворила истрага.

Макфакс

Поврзани вести