За многумина Таџ Махал е светско чудо благодарение на својата неопислива убавина, грандиозност и богат изглед кои едноставно ќе ве остават без здив, и ќе ве натераат повторно да го посетите. Но она нешто што оваа градба ја прави навистина посебна е тајната и причината за нејзиното градење и денешно постоење.
Приказната започнува во Индија, кога тогашниот императот Шах Јахан (подоцна принц Курам) ја запознал преубавата 14 годишна Арјуманд Бану Бегум (подоцна Мумтаз Махал). Пет години подоцна во 1612 година тие се венчаат, крунисувајќи ја својата љубов.
Мумтаз Махал починала на 39 годишна возраст кога се пораѓала со нивното 14-то дете, во 1631 година. Од преголема љубов и болка за загубата на својата сакана, императорот наредил да започне изградбата на денешната градба која што е единствената градба досега којашто може со право да ја наречеме вистинско олицетворение на љубовта и романтиката. Градбата е завршена 22 години подоцна во 1654 година со помош на 22 000 работници. Но приказната не завршува тука. Бидејќи кралот ја испразнил ризницата, бил отфрлен од престолот и затворен во последните десет години од својот живот. Од затворскте простории гледал како се гради чудото во кое лежела неговата сакана и каде што и тој ќе биде погребан на крајот.
Се наоѓа во Арга (Утар, Прадеш) на 204 км јужно од Делхи, сместен во градина на брегот на реката Јамуна. Со височина од 75 метри, градба од бел мермер, и мешавина на повеќе уметнички стилови, како хиндуски, персиски, могулски, и исламски, оваа градба ќе остане како светско чудо во градежништвото. Нешто што никој денес, не би можел да го направи и изгради како овој споменик на една голема љубов.
Погледнте ги следниве статии
Будимпешта – Градот на термалните бањи
Плитвички езера, Хрватска – најубавиот национален парк на Балканот
Копаоник – Вашата дестинација за оваа зима
Пронајдете не на следниве мрежи: