Огромни редици на пумпите, бензините поскапуваат енормно. Има ли пилот во авионот?

Граѓаните направија големи редици на пумпите во обид да заштедат некој денар. Сега разликата и не е толку мала. Над десет денари по литар ќе платите ако сакате да се возите…

Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена. Од полноќ 98 октанскиот бензин ќе се продава за 106,5 денари, еуросупер 95 за 104 денари, дизелот 95 и екстра лесното домаќинство за 93 денари.

Не е јасно како овакво поскапување не е приоритет за Владата? И зошто ништо не беше направено за да се заштитат граѓаните?

Поскапувањето  за дури 10 денари доаѓа како последица на тоа што Владата не ја продолжи мерката за намалено ДДВ од 18 на 10 отсто и се враќа акцизата.

Владата одржа седница, но на неа не станало збор за пролонгирање на антикризните мерки.

Пронајдете не на следниве мрежи: