Yahoo му презеде на Google уште еден извршен директор

Американскиот технолошки гигант Yahoo објави во вторникот дека на конкурентот Google му презел уште еден важен челник, наведувајќи дека станува збор за извршниот директор Енрике де Кастро.

Де Кастро ќе биде директно потчинет на извршната директорка Мариша Маер, која во јули  исто така дојде во Yahoo од Google, со цел да го промени на подобро работењето на компанијата.

„Енрике е неверојатно вешт и строг деловен лидер и особено сум воодушевена што му се придружи на силното водство на тимот на Yahoo. Неговото оперативно искуство во интернет огласувањето и неговиот докажан успех во структуирањето го чинат совршен избор за Yahoo во контекст на нашето насочување во нова фаза на раст“, рече Маер.

Де Кастро во соопштението наведе дека Yahoo има потенцијал да го искористи искуството со корисниците и огромен дострел што може да им донесе огромна вредност на корисниците, огласувачите и партнерите.

„Сега е моментот за приклучување кон историјата на Yahoo. Чврсто верувам во шансата за иднина. Со нетрпение очекувам да и се придружам на Мариша и на тимот“, рече Де Кастро.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: