На трагично загинатиот Марко Симончели, викендов ќе му биде оддадена посебна почит пред почетокот на трката за Големата награда.
Симончели, на 23. октомври минатата година, на патеката „Сепанг“, во вториот круг го загуби животот, по што трката беше прекината.
Во чест на Симончели, кој заедно со сонародникот Валентино Роси, беше една од најголемите ѕвезди во Мото ГП шампионатот, во свиокот број 11, во кој го загуби животот, ќе биде поставена бронзена плакета.
Првиот човек на „Сепанг“, Разлан Разали, рече дека сите возачи и членовите на нивните тимови, во четврток ќе бидат на свиокот 11, во знак на сеќавање на младиот Италијанец.
Исто така, новиот трофеј кој е наречен „Марко Симончели руки на кралската класа во Мото ГП“ ќе биде претставен во сабота, трофејот ќе му биде доделен на најдобриот руки во кралската класа на последната трка во сезоната Големата награда на Валенсија.
Макфакс
извор: б92
Пронајдете не на следниве мрежи: