Ден откако влезе во историјата со скокот од височина од 39.044 метри, Австриецот Феликс Баумгартнер, изјави дека нема повеќе да се занимава со оваа опасна работа и најави повлекување.
Баумгартнер, во неделата, во Ново Мексико успешно го реализира проектот Ред Бул Стратос и стана првиот човек кој го пробил звучниот ѕид, извел скок од најголема височина, имал најбрзо слободно паѓање и извел највисок лет со падобран.
„Се повлекувам од оваа опасна работа, сакам да најдам пристојна работа како пилот на хеликоптер. Ќе се борам против пожари и ќе спасувам луѓе. Без телефонски повици и мејлови“, изјавил Баунгартнер во Розвел.
Снимките од неговата камера, која беше сместена во неговата кацига, покажаа колку Баумгартнер беше блиску да не го реализира планираното, бидејќи започна неконтролирано да се врти веднаш по скокот од капсулата.
Вториот проблем го имал со визирот кој започнал да се замаглува поради што го отворил првиот падобран по четири минути и 20 секунди, многу порано од планираното.
Баумгартнер најпрвин планира добар одмор со својата девојка Никол Етл, во Лос Анџелес. Австриецот и неговата девојка најавија венчавка во 2013 година во Австрија, а потоа ќе се преселат во Швајцарија.
Макфакс
извор: б92
Пронајдете не на следниве мрежи: