Американскиот производител на автомобили Форд, по завршувањето на сезоната, ќе се повлече од настапите во Светското рели првенство (WRC).
Причината за ваквата одлука на Форд е економската криза и желба тие „ресурси да се искористат во други области“.
„На крајот од сезоната 2012, Форд ќе се повлече од WRC. Им благодариме на навивачите, возачите и многубројните партнери на поддршката“, објави Форд на својот Твитер профил.
Партнерот на Форд, М-Спорт, за следната сезона ќе мора да бара некои друго решение.
„Благодарност до Форд за поддршката и партнерството во изминатите 16 години. Тимот е горд на соработката со Форд, на 208 пласмани на подиумот, 52 победи и 225 стартови“, рече шефот на М-Спорт и поранешниот возач на Форд, Малком Вилсон.
Форд е вториот производител кој се повлекува од WRC, неодамна повлекувањето го најави BMW.
До крајот на сезоната во Светското рели првенство ќе се возат уште две трки, Сардинија 18-21 октомври и Шпанија 8-11 ноември, титулата веќе ја обезбеди Себастијан Леб возач на Цитроен.
Најдобро пласиран возач на Форд е Јари-Мати Латвала, кој се наоѓа на третото место, зад Леб и Мико Хирвонен.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: