Кога станува збор за фотографиите со убави девојки и јаки автомобили, 99% од случаевите се работи за професионални модели кои немаат никаква врска со возилата.
Но, тоа не е случај со 23-годишната Андреа, освен што е агент за недвижности и Мис Јамаха 2012, поседува и тркачка „А“ лиценца и ќе учествува во VLN и GLP шампионатот.
BBM Motorsport работеше на спремање на нејзиниот Golf GTI петта генерација и одлучија да ни ги претстават фотографиите од автомобилот и прекрасната Андреа.
Овој Golf има сила од 331 КС кои произлегуваат од 2.0 – литарскиот TSI мотор со турбо компресор. Комплетната трансформација на овој автомобил изнесува 19,500 евра.
Пронајдете не на следниве мрежи: