Сириска бунтовници согласни да формираат заедничка команда

Сириските анти-владините вооружени групи ќе формираат единствена команда за борба против силите на претседателот Башар ал-Асад, јави Reuters, повикувајќи се на бунтовнички извори.

Според соговорникот на агенцијата, под притисок на задграничните координатори на различните милитантни групи, вклучувајќи ја и Слободната сириска армија (FSA)), бил постигнат договор за обединување.

„Договорот е постигнат, сега ние само треба да го потпишеме. Надворешни соработници ни кажаа да извршиме проверка на своите сили и да се обединиме. Неопходно е да работите со определена и убедлива доверба меѓу страните, за да ви доставиме квалитетно оружје..” – изјавил неименуваниот соговорник на агенцијата.

Соопштението за плановите на бунтовниците да формираат единствена команда доаѓа во пресрет на состанокот на Сирискиот национален совет кој треба да се одржи во престолнината на Катар.

Последната седмица од септември командантот на Слободната сириска армија (FSA) Раид ал-Асад во видео порака потврди дека FSA го преселила својот команден штаб од Турција во Сирија со главна цел да се обединат сите бунтовнички групи, а челникот на воениот совет кој ги обединува бунтовничките лидери, генералот Мустафа ал-Шеик изјави дека „преместувањето ќе му овозможи на командниот центар да биде поблиску до борците”.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: