Афрички крал најбогатиот човек во историјата

Кралот кој владеел со западна Африка во 14-от век прогласен е за најбогатиот човек во историјата, според истражувањето што го направи Celebrity Net Worth.
Меѓу 25 најбогати луѓе во историјата, само тројца се живи, ниту една не е жена, а дури 14 се од Соединетите Американски Држави.

Со истражувањето се опфатени изминатите 1.000 година, а вреднувањето на богатството е извршено со пресметување на соодветна стапка на инфлација за изминатите години, според која  100 милиони долари од 1913 година се вреднувани според стапката на инфлација за изминатиот стогодишен период.

На табелата се најдоа и современиците Бил Гејтс и Ворен Бафет, но победата според ова рангирање ја однесе кралот на Мали, Манса Муса I. Овој владетел на царството, кое ја опфаќало денешна Гана, Тимбукта и Мали, во моментот на својата смрт во 1331 година бил „тежок“ 400 милиони долари. Кралството на Муса во тоа време го снабдувало половина свет со злато и сол.

Во моментот најбогата династија на светот Ротшилд се најде на второто место со проценет имот од денешни 350 милијарди долари. Станува збор за европска банкарска династија, која датира од 1744 година, формирана од германски Евреи.

Третото место му припадна на најбогатиот американец во историјата, Џон Д. Рокфелер, кој во моментот на својата смрт во 1937 година оставил богатство од 340 милиони долари.

Американецот од шкотско потекло Ендру Карнеги е четвртиот на оваа листа. Тој е најзаслужен за развојот на американската индустрија на челик на крајот на 19 век.

Петти на листата е рускиот цар Никола II, кој владееле со Руското царство од 1894 до 1917 година.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: