41-годишен гостиварец ја истепал мајка му оти не му дала пари

СВР Тетово информира дека вчера (18 септември) во 15.00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 41 годишниот гостиварец Ш.Б., постапувајќи по претходна пријава од неговиот 65 – годишен татко дека околу 12.45 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, агресивно се однесувал кон членовите на семејството, со закана им одзел пари, оштетил дел од покуќнината и го оштетил нивното возило во дворот.

Полицијата известува дека тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи: