Инциденти и по натпреварот Македонија – Србија

 

По натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Србија се случиле инциденти во Старата скопска чаршија во кои, според неофицијални информации има повредени и приведени. полицијата со солзавец ја разбивала толпата.

Според непотврдени информации, толпа лица од Старата чаршија сакала да го мине Камениот мост во центарот на Скопје за да оди на плоштадот „Македонија” каде што група навивачи ја прославуваше победата на македонската фудбалска репрезентација, но биле спречени од полициските специјалци.

Од Министерството за внатрешни работи не ги потврдуваат овие информации од граѓани, а очевидци велат дека на почетокот од Старата чаршија биле видливи искршени жардинери, расфрлани маси, столчиња и чадори од околните локали, што посочува на тоа дека се случил помасовен инцидент. На граѓаните не им било дозволено да го минуваат Камениот мост и биле пренасочувани кај мостот кај Холидеј Ин.

По натпреварот што го добија македонските фудбалери со 1:0 беше забележливо и силно полициско обезбедување кај скопската Железничката станица и на плоштадот „Македонија”.

Претходно во текот на денот, пред одигрувањето на квалификацискиот натпревар за Светското фудбалско првенство 2014, се случија два инцидента на локации коишто исто така гравитираат кон Старата скопска чаршија.

Околу 14 часот, тројца навивачи на српската репрезентација кај стоковната куќа „Мост” беа повредени, од кои едниот беше прободен со нож и е задржан на лекување во скопскиот Ургентен центар. Според скопската полиција, поголема група засега неидентификувани лица ги нападнале тројцата навивачи од Белград на возраст меѓу 19 и 20 година. Тие биле гаѓани со камења и шишиња, а 19-годишниот српски навивач бил прободен со нож во грбот. Кај другите двајца се констатирани тешки повреди.

Малку претходно, околу 12,30 часот на неколку стотини метри од местото на кое подоцна беше прободен српскиот навивач, кај трговскиот центар „Мавровка” беа нападнати двајца црногорски државјани, Според нивните изјави тие не биле дојдени во Скопје за фудбалскиот натпревар. Во полиција околу 13.30 часот била пријавена тепачка кај трговскиот центар „Мавровка”, но кога полицијата излегла на терен не затекнала ништо. Подоцна од Специјалната болница за хируршки болести „Наум Охридски” во полиција било пријавено дека кај нив биле примени двајца црногорски државјани со повреди.

Министерството за внатрешни работи во вторникот преземапосебни безбедносни мерки околу Националната Арена „Филип Втори Македонски” поради одигрувањето на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Србија. Српскиот фудбалски сојуз известил дека нема да има организирано патување за навивачките групи, но поради тоа што станува збор за меѓународен натпревар, МВР го третираше како натпревар од висок ризик.

Тензиите започнаа уште изминатиот викенд кога некои белградски медиуми информираа дека околу 300 хулигани се упатиле кон Скопје каде што сакале наводно да се пресметаат со овдешните Албаници

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: