четврток, 12 ноември 2026
Најново

Бугарин ја продавал посвоената ќерка како невеста

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еден 45-годишен жител на северозападна Бугарија ја продавал својата посвоена ќерка како невеста, и тоа повеќепати, при што од наводните венчавки развил вистински бизнис, пишуваат бугарските портали.

Малолетната поќерка била продавана за одредена сума како невеста, но непосредно по венчавката таа бегала дома, по што бил баран нов „купец“, објави во вторникот порталот vsakiden.com. Измамата била откриена кога „невестата“ и се допаднал сопругот и кога одбила да се врати дома.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Очувот буквално организирал наддавање за својата сега 17-годишна поќерка, а по свадбата таа веднаш бегала назад. Според порталот, во последниот случај таа се вљубила во сопругот и не сакала да се врати дома.

Случајот почнал да се расплеткува кога очувот, откако невестата не се вратила дома, пријавил во полиција, тврдејќи дека девојката е грабната. Полицијата ја пронашла по неколку часа, и наместо да се согласи да се врати во домот, таа сѐ и открила на полицијата.

Измамата била откриена дури сега, поради тоа што сите претходни „младоженци“ кои се срамеле да признаат дека невестата им побегнала. И покрај ненадејната љубов, „невестата“ била вратена дома, а полицијата се обидува да ги пронајде измамените.

Макфакс

 

Поврзани вести