Самит на 200 големи готвачи од 25 земји во Монако

Францускиот шеф на кујната Ален Дукас кон средината на ноември во Монако ќе нагости 200 големи готвачи од 25 земји со вкупно 300 ѕвездички во гастрономскиот водич „Michelin“ на среда во чест на медитеранската кујна.

Приватното собирање на славните готвачи од 16-ти до 18-ти ноември, е една од прославите поврзани со 25-годишнината на ресторанот „Le Louis XV“ во Монако, каде што Ален Дукас ги добил првите три ѕвездички на „Michelin“, пред рестораните во Париз и Лондон.

Меѓу гостите ќе бидат и прочуените француски шефови на кујната Жоел Робушон и Мишел Журар, Данецот со потекло од Македонија, Рене Реџепи (според неговото кажување татко му е Македонец, муслиман а мајка му е Данкиња) Американецот Дејвид Чанг и Австралиецот Тецуј Вакуда. Ќе бидат присутни, и многу шефови кои се школувале кај Дукас.

Во текот на трите дена тие ќе може да го „изразат богатството на различните кулинарски сензибилитети“ на средбата „којашто ги помирува традиционалното и модерното, класичното и расипничкото, северните и јужните земји“, се истакнува во соопштението на организаторите.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: