Поплавена Венеција

`Acqua alta` или висока вода е познат феномен во италијанскиот туристички најпривлечен град Венеција, кој и годинава ги поплави познатите плоштади.

Ова е прва сезонска поплава на Венеција, град навикнат на вода, но и на поплави.

Нивото на водата за време на  `Acqua alta` , која се јавува како последица на голема плима и силен ветар југо, достигна висина од 105 сантиметри.

На фотографиите се забележуваат весели Италијанци и туристи, кои со најлонски кеси на нозете поминуваат по плоштадот „Свети Марко“.

Ги има и такви кои само ги засукале пантолоните и одат.

Секако, во градот на љубовта не може да изостане сцена на двајца заљубени и насмеани, кои стојат сред водата и се бакнуваат.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: