Историскиот скок на Феликс Баумгартнер од 39 километри височина, на Ред Бул му обезбеди профит од рекламите од шест милијарди долари. Тоа го потврди и Дитрих Матешиц, спонзор на скокот и основач на Ред Бул.
Исто така, како што истакна аналитичарот на брендови Герхард Хребизек, вложените 50 милиони долари донесоа 12.000 отсто добивка, пренесува Форбс.
Ред Бул има намера да има и долгорочна полза од историскиот скок. Така Еуробренд процени дека вредноста на Ред Бул досега беше околу 14 милијарди долари, а по скокот вредноста на оваа марка скокна на 17 милијарди долари.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: