Секој 10 маж пати од некаков облик на еректална дисфункција, која му прави проблеми во неговиот сексуален живот, а 70 проценти од случаите се резулатат на болест на крвните садови.До вакви заклучоци и објасненија дојдоа лекарите од британската болница Единбург. Најчести проблеми што се поврзуваат со импотенцијата се дијабетис и висок крвен притисок. Лекарите објаснуваат дека проблемите со одржување на ерекцијата најчесто се камуфлираат со други здравствени проблеми, а уште поголем проблем претставува внесување на големо количество алкохолни пијалоци или пак пушењето цигари. Додатни причини за отежнат сексуален живот можат да бидат стрес и депресија.
Најпознато апче за борба против импотенцијата е вијаграта. Ова апче помага за побрза циркулација на крвта до пенисот. Апчето е доста скапо, но трае од 30 до 48 часа и е ефективо во 80 проценти од случаите. Но може да предизвика главоболки и матење на видот.
Поскап метод е така наречената вакуумска пумпа. Пенисот се става во пластичен цилиндар и се издишува воздухот, за да се направи вакуум. Тоа резултира со зголемен доток на крв до пенисот и со тоа до ерекција. Иако брзо функционира, сепак овој метод може да остави модрици на гениталииите и понекогаш пружа не доволно силна ерекција.
Терапијата со звучни бранови е за оние со подлабок џеб. Слично на учтразвукот, на пенисот се става гел и потоа со уредот се поминува по должината на пенисот, два пати неделно, во текот на три недели. Оваа процедура не е воопшто болна, но се препорачува само на оние мажи кои не добиваат никаков ефект од вијаграта.
Вградувањето на балони на тенката кожа под скротумот овозможува можеби идеална ерекција. Чини многу пари, и по операцијата треба да се воздржувате од секс до 6 седмици, а да ги менувате имплантите на 8 до 10 години, но со помош на нив ќе можете многу полесно да имате ерекција, без многу планирање, само со притисок на цевката на пумпата, која веднаш ги полни балоните со течност.
Поврзани статии:
Пет машки навики кои ги нервираат жените
Помалку коса-повеќе секс
Што кажаа познатите ѕвезди за сексот?