четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во близина откриена егзопланета голема колку Земјата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Егзопланета голема колку Земјата е откриена во близина на Алфа Кентаур Би (Alpha Centauri B), една од ѕвездите кои се кои се најблиски на нашето Сонце, пишува во студија објавена во магазинот Nature.

Иако Засега не станува збор за егзопланета за која астрономите мечтаат, односно за планета близначка на Земјата на чијашто површина би можело да има вода во течна состојба,значи и некој облик на живот, ова претставува уште еден чекор во потрагата по таква планета, оценуваат авторите на студијата.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Нејзиното откривање, за коешто се заслужни соработниците на Ксавиер Думуск од опсерваторијата во Женева, претставува впечатливо откритие кое влева надежи за пронаоѓање други планети слични на Земјата ви близината на Alphа Centauri B, можеби дури и во област којашто може да биде населена.

Астрономите со помош на спектографот HARPS во Европската јужна опсерваторија (ESO) во Чиле „извршиле повеќе од 450 мерења во период подолг од три години“, се истакнува во соопштението на Универзитетот „Пјер и Марија Кири“, чиј научник Франсоа Буши учествувал во истражувањето.

Макфакс

Поврзани вести