Познати се осумте репрезентации кои во јуни следната година ќе играат на Европското првенство за играчи до 21 година.
Холандија, во понеделникот, прва избори пласман на завршниот турнир, откако во бараж двомечот ја елиминира Словачка.
Во вторникот, во центарот на вниманието беше реваншот помеѓу Србија и Англија. Англичаните победија со 1:0 и се пласираа на ЕП, а мечот го обележа физичката пресметка на некои од фудбалерите, на теренот и во тунелот на стадионот во Крушевац.
Резултати:
Русија-Чешка 2:2 (прв натпревар 2:0)
Швајцарија-Германија 1:3 (прв натпревар 1:1)
Србија-Англија 0:1 (прв натпревар 0:1)
Шведска-Италија 2:3 (прв натпревар (0:1)
Норвешка-Франција 5:3 (прв натпревар 0:1)
Данска-Шпанија 1:3 (прв натпревар 0:5)
Пласман на Евроското првенство во Израел изборија Русија, Холандија, Германија, Норвешка, Италија, Англија и Шпанија.
Макфакс
извор: макфакс/фото б92
Пронајдете не на следниве мрежи: