Шведска од 0:4 до реми, одложен мечот Полска-Англија

 

Комплетирано е четвртото коло во европската квалификациска зона за пласман на Светското првенство во Бразил.

Македонија во четвртата рунда забележа вредна победа над Србија, додека во А групата фаворитите Хрватска и Белгија забележаа сигурни победи над Велс односно Шкотска. 

коло мина во знакот на натпреварот, кој во Ц групата го одиграа Германија и Шведска. Германците до 56-та минута водеа со убедливи 4:0, за на крајот Шведска со голот на Елм  постигнат во 90-та минута да стигне до 4:4. 

Црна Гора забележа изненадувачка победа во Киев над Украина, а пред своите навивачи фаворизираните Шпанија и Португалија одиграа само 1:1 против Франција, односно Северна Ирска. 

помеѓу Полска и Англија не се одигра, поради силното невреме, истито е презакажан за во среда од 17 часот, доколку временските услови го дозволат тоа. 

Група А:
Хрватска-Велс 2:0
Македонија-Србија 1:0
Белгија-Шкотска 2:0

Група Б:
Чешка-Бугарија 0:0
Италија-Данска 3:0

Група Ц:
Фраски острови-Република Ирска 1:4
Австрија-Казахстан 4:0
Германија-Шведска 4:4

Група Д:
Андора-Естонија 0:1
Романија-Холандија 1:4
Унгарија-Турција 3:1

Група Е:
Кипар-Норвешка 1:3
Исланд-Швајцарија 0:2
Албанија-Словенија 1:0

Група Ф:
Русија-Азербејџан 1:0
Израел-Луксембург 3:0
Португалија-Северна Ирска 1:1

Група Г:
Летонија-Лихтенштајн 2:0
БиХ-Литванија 3:0
Словачка-Грција 0:1

Група Х:
Украина-Црна Гора 0:1
Сан Марино-Молдавија 0:2

Група И:
Белоусија-Грузија 2:0
Шпанија-Франција 1:1.

 

Макфакс

извор: макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: