Британскиот премиер згрозен од сцените во Крушевац, бара остри казни

 

Британскиот премиер Дејвид Камерон бил згрозен од сцените во Крушевац, каде што младите репрезентации на Србија и Англија го одиграа бараж реваншот за пласман на Европското првенство.

Тепачката која се случи во завршувањето на натпреварот, во која покрај неколкумина играчи, учествувале и членови на стручните штабови на двете репрезентации, како и расистичките навреди упатени на сметка на црномурестите англиски играчи, го натерале Камерон да се обрати до канцеларијата на УЕФА. 

Британскиот премиер побарал од УЕФА остра казна за Србија, доколку се докажат тврдењата од таборот на англиската репрезентации дека играчите биле расиситички навредувани. По повод настаните на стадионот во Крушевац се огласи и министерот за спорт на во владата на Камерон, Хју Робертс. 

„Сцените од Крушевац се срамни. Му пишав на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, со цел да ја поддржам Фудбалската асоцијација на Англија и поварав веднаш да бидат испитани наводите за расизам, кој е неприфатлив и мора да биде искоренет. Очекуваме остри санкции за Србија доколку се докаже вината“, напишал Робертсон. 

Фудбалската асоцијација на Англија, веднаш по мечот реагираше кај УЕФА и пријави неколку расистички испади. Од таму велат дека УЕФА треба да и’ забрани на младата репрезентација на Србија учество во следниот циклус квалификации, а дека треба да и’ бидат наметнати и строги санкиции на сениорската репрезентација, односно следните четири години натпреварите на домашен терен да ги игра пред празни трибини. 

Младиот англиски фудбалер Дени Роуз побарал Србија долгорочно да биде исфрлена од европските квалификации, бидејќи 60 минути бил расистички навредуван. 

Меѓу првите, остра казна за Србија побара легендарниот англиски играч Пол Инс, чиј син Томас е стандарден репрезентативец.

 

Макфакс

извор: хина/блиц

Пронајдете не на следниве мрежи: