Половичен успех на македонските преставници Металург и Вардар Про, во натпреварите од петтото коло, во регионалната ракометна лига – СЕХА.
Металург, во Автокоманда, лесно се справи со екипата на Ловќен, забележувајќи победа од 32:12.
До третата победа во петтиот меч во СЕХА конкуренцијата, Металург го предводеа браќата Мојсоски, Наумче постигна шест, а Златко пет погодоци. Пет гола постигна и Козлина, додека голманот Станиќ имаше 12 успешни интервенции.
Вардар Про го забележа првиот пораз на домашен терен во СЕХА лигата, поуспешен од „црвено-црните“ беше Таратан Прешов.
Словаците во СРЦ Кале победија со 33:29, Антл со седум и Кристопас со шест гола беа најпрецизни во тимот на Татран, додека Филип Лазаров постигна девет гола за Вардар.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: