Последниот натпревар од четвртото коло, во рамките на европските квалификации, за пласман на СП во Бразил, го одиграа Полска и Англија. На Националниот стадион во Варшава, во рамките на Х групата натпреварот заврши без победник 1:1.
Англија стигна во предност со голот на Руни по половина час игра, воедно та беше единствениот удар на англиските репрезентативци во рамките на полскиот гол. Бод на Полска и донесе Глик во 69-та минута.
Овој натпревар требаше да се одигра во вторникот навечер, но беше одложен поради обилните врнежи од дожд кои ја зафатија престолнината на Полска.
Англија со освоениот бод е лидер во групата со 8 бода од етири одиграни натпревари, Црна Гора е втора, има бод и натпревар помалку од Англија. Полска од три меча има пет бодови, следуваат на табелата Молдавија, Украина и Сан Марино.
Полска во следното коло, на 22. март ќеја пречека Украина, додека Англија ќе гостува во Сан Марино.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: