Кошаркарите на Куманово, со победа над Морнар ја започнаа дебитанската сезона во Балканската кошаркарска лига. Куманово, во рамките на првото коло, во А групата, забележа победа од 71:69 (15:13, 22:15, 17:21, 17:20).
Македонскиот преставник, ја контролираше игрта во поголемиот дел од натпреварот, но во финишот прокоцка предност од 15 поени, па му дозволи на противникот да влезе во неизвесна завршница.
Последните поени на мечот ги постигна Костоски, а обидот на фостите од Бар, преку Пајовиќ, во последните секунди да постигнат тројка заврши без поени.
Димчевски со 26 поени беше најефикасен играч на мечот, додека Луковиќ беше на една блокада од трипл-дабл ефект, натпреварот го заврши со 15 поени, 16 скокови и 9 блокади. Двоцифрен ефект кај Куманово имаа уште Јанески 13 и Костоски 12.
Овие четворица ги постигнаа речиси сите поени за домашниот тим, остатокот од екипата реализира само пет кошеви.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: