Полицаец на eBay продал униформи што им ги украл на колегите

Loading...

Полицаец во Германија продал преку eBay униформи кои им ги украл на своите колеги, соопшти во средата полцијата и државното обвинителство.

Полицаецот кој бил на служба во местото Луебек, бил разрешен од должнoста и покрената е истрага за кражба, дополнија извори од германската полиција за тамошните медиуми, со што го потврдија претходното пишување на локалнито дневен весник Luebecker Nachrichten.

Осомничениот на продажба преки интернет нудел полициски пуловери и јакни по цена од 2 до 180 евра.

Според портпаролот на полицијата, купувачите на овие парчиња облека, исто така, може да бидат гонети по службена должност, имајќи предвид дека е забрането продажбата на украдени предмети и дека на цивилите не им е дозволено да носат полициски ознаки.

Макфакс

loading...
Loading...