„Европа мора да учествува во преговорите за Украина, без неа не може да има нова безбедносна архитектура“, изјавил премиерот на Бугарија, Румен Радев пред новинарите во Даблин, каде што учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Република Ирска. На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции, меѓу кои и македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова.
Радев и на овој настан повторно говорел за односите со Македонија и укажал на наводните проблеми што ги има бугарското малцинство во државата. Како што пренесуваат бугарските медиуми, шефот на бугарската држава најавил дека повторно ќе го покрене прашањето за односот на властите во Македонија кон граѓаните со бугарски идентитет.
Според него, ситуацијата не се подобрувала.
„Проблемите на Бугарите во Северна Македонија се продлабочуваат“, кажал Радев.






