Маж кој признал дека е поврзан со глобалната терористичка организација Ал Каеда, сакал да активира бомба од 450 кгр експлозив пред зградата на американската централна банка во Њујорк.
Како што соопшти њујоршката полиција, 21-годишниот маж роден во Бангладеш бил уапсен пред зградата на американската централна банка Federal Reserve (Fed) додека безуспешно се обидувал да активира бомба која неупотреблива а направиле прикриени агенти на федералното истражно биро FBI кои го следел повеќе месеци.
Зградата пред којашто уапсениот Квази Мохамад Резванул Ахсан Нафис сакал да ја активира бомбата е во близината на којашто се извишуваа кулите „близначки“ на Светскиот трговски центар, во јужен Менехетен, кои беа урнати во терористичките напади со грабната авиони зад кои стоеше Ал Каеда.
Главниот обвинител на Бруклин додал во соопштението за медиумите дека момчето влегол во САД во јануари 2012 година за да изведе атентат. Повикувајќи се на поврзаност со Ал Каеда во странство сакал да формира терористичка ќелија на американска територија.
Едно од лицата што ги врбувал, бил прикриен агент на FBI, и според обвинителот чиешто соопштение го цитира AFP, му помогнал во подготовката и го снабдил со лажен експлозив, внимавајќи да не бидат доведени во опасност граѓаните.
Станува збор за тактика карактеристична за американските разузнавачки агенции. Имено, обидот за извршување терористички акт се смета утврден доколку осомниченото лице потврдно одговори на предлогот на прикриените агенти. Притоа, кај осомничениот за имање намера за извршување терористички чин, неопходно е да биде пронајдено оружје или експлозиви
Нафис кој имал план „да ја уништи Америка“ бил уапсен во средата по локално време додека безуспешно се обидувал да ја активира бомбата.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: